65
Баер Леверкузен остана без победа на гостувањето кај Вердер во Бремен (2-2) во натпреварот од осмата рунда на Бундеслигата.
По „свој рецепт“, како што обично се извлекува, така сега шампионот на Германија остана без победата во Бремен.
Бонифејс донесе водство по половина час игра за гостите, а во 74. Дукш израмни (1-1). Следеше автогол на Агу три минути подоцна за нова предност на Баер.
Сепак, во 90. минута Шмид го совлада гостинскиот голман по една мешаница и освои бод за Вердер.