Гезтепе му се поклони на Адис Јаховиќ (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ денеска доби големи почести од неговиот поранешен клуб Гезтепе.

Адис Јаховиќ денеска беше гостин на Гезтепе кој играше со Сиваспор и победи со 3-2. Пред натпреварот тој доби подароци од клубот каде остави голема трага.

Јаховиќ во два наврати играше за Гезтепе, од 2016 до 2018 и во сезоната 2021/22. Одигра вкупно 102 натпревари и постигна 46 голови за овој тим.

Пред денешниот меч со Сиваспор, Јаховиќ од Гезтепе доби плакета и врамен дрес, а доби и овации од навивачите.

„Благодарност до Адис Јаховиќ. Нашиот спортски директор Иван Манце му подари плакета и нашиот дрес на Адис Јаховиќ, кој е едно од големите имиња на нашиот клуб кој реши да стави крај на професионалната фудбалска кариера. Сакаме да му се заблагодариме за неговата посветеност и допринос на теренот додека го носеше дресот на Гезтепе“, објави клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани