Манчестер Сити има доста проблеми во пресрет на следниот натпревар во Премиер лигата против Борнмут.
Тренерот Пеп Гвардиола се жалеше за многуте отсутни фудбалери во составот. Тој на прес-конференцијата кажа дека за половина од првиот тим не е сигурен дали ќе играат во сабота.
„Ќе го видите составот, имам многу сомнежи. Половина тим ми е под знак прашалник. Следиме каква е ситуацијата со повредите, но не можеме да направиме ништо. Ќе видиме кој ќе игра. На некои позиции мора да побараме итни решенија и да имаме доверба во нив. Некогаш опциите недостигаат и мора да ги најдеме во академијата, за тоа и ни служи“, изјави Гвардиола.
По натпреварот со Борнмут екипата на Гвардиола ја очекува нов предизвик во Лигата на шампионите.