Пеп Гвардиола беше во центарот на вниманието поради серијата порази на Манчестер Сити. Успеа англискиот првак да стави крај на низата неуспеси, меѓутоа критиките беа навистина огромни.
Најпогоден како тренер беше Гвардиола, а на социјалите мрежи се појави интересно видео. Иако првично се сметаше дека се работи за неодамнешна снимка, според информации тоа се случило по поразот во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед минатата сезона.
Навивачот го снима Гвардиола кој ладно мина крај него, па му дофрли: „Лут си само бидејќи загуби“. На тоа Пеп реагираше бурно, се врати назад и сакаше среде улица физички да се пресмета со снимателот.
Лицата кои беа со него го спречија шпанскиот стратег да стигне до навивачот и не дозволија ситуацијата да ескалира.