Гвардиола со гребаници на носот и главата се појави пред новинарите, па објасни што се случило (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити веќе еден месец нема победа, вчера тимот на Гвардиола имаше шокантен резултат во Лигата на шампионите откако водеше со 3-0 до 75. минута и повторно не победи, дуелот со Феенорд заврши 3-3.

Гвардиола ги живее своите најцрни денови во кариерата, шпанскиот стратег е фрустриран од резултатите, а вчера пред новинарите излезе со грабаници по главата, па сите се запрашаа што се случило.

„Се исеков сам на носот со прстот, со ноктот, сакам сам да се повредувам“, одговори Пеп на прашањето за гребаницата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани