Манчестер Сити бележи катастрофална серија, каква што не се памети од 2008 година. Пеп Гвардиола првпат во кариерата забележа пет порази во низа, а последниот беше дебакл од Тотнем (0-4) во Премиер лигата.
По дебаклот, Гвардиола на прес-конференцијата доби неколку тешки прашања, па отворено зборуваше за кризата.
„Тотнем поведе од првиот налет, потоа беше тешко да се вратиме. Не ги издржавме дуелите и имаме проблем. Бајките во спортот не постојат, а ниту во животот. Мора да се мине некогаш и во вакви ситуации. Нема да побегнам од Сити, мора да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму. Не постои тим што може да се држи на највисоко ниво и осум, девет, десет години да реди константно успеси“, изјави Гвардиола.
Сезоната е далеку од загубена, иако Ливерпул има капитална предност на врвот на табелата. Има уште многу да се игра, ама мора да се промени пристапот и Сити да почне пак да победува.