Екипата на Вардар и следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, откако го доби бараж натпреварот против Детонит Плачковица со 2-0.
Откако ја остварија зацртаната мисија, а тоа беше опстанок во лигата, вардарци прославија со навивачите во Струмица. Како и често низ годините, моќна порака преку социјалните мрежи испрати голманот Филип Гачевски, кој напиша:
„Браво за сите кои се дел од овој тим, целта е исполнета. Секоја чест и за нашите „Комити“. Тоа што го ветивме – го исполнивме. Наредната сезона одиме по титула! Еден живот, една љубов. Да живее Вардар и Македонија“, порача голманот на вардарци.
Битката за опстанок во првенството беше навистина грчевита, меѓутоа Вардар под тренерска палка на Горазд Михајлов успеа во своите намери и пак ќе игра во ПМФЛ.