Џенаро Гатузо и официјално беше промовиран во нов тренер на Хајдук Сплит. Хрватскиот гигант ја организира промоцијата и првата прес-конференција на италијанската фудбалска легенда.
46-годишниот стратег парафира двегодишна соработка со клубот од Сплит и се очекува набргу да ги започне подготовките со Хајдук. На средбата со новинарите тој ѝ се обрати ја јавноста и рече:
„Пред мене е голема одговорност, да го докажам своето фудбалско знаење во Хрватска. Меѓу другото, сакам предизвици, а Хајдук е вистински предизвик за мене. Имам повеќе од 400 натпревари како тренер. Најмногу сакам да играм 4-33 или 4-2-3-1. Кој ќе игра ќе видиме во текот на првенството. Мора да го почитуваме и буџетот на клубот. Во моментов неколку играчи ни недостигаат поради ЕП, тие ќе добијат и десетина дена одмор. Една работа е да ги гледате играчите на видео, а друга на теренот. На мене е да се подготвам за стартот на подготовките“, изјави Гатузо.
Навивачите на Хајдук имаат високи очекувања за следната сезона со новиот предводник.