Гатузо има правило кое не смее никој да го прекрши, а казнет беше и екс-играчот на Работнички

by Стефан
1 минути читање

Италијанецот Џенаро Гатузо можеби и не е толку добар тренер кога во прашање е тактиката, но јасно е кај него дека дисциплината мора да се почитува.

Токму воведувањето дисциплина е една од главните причини што беше доведен во Хајдук. Како и секој тренер, Гатузо има одредени правила во соблекувалната и кој ќе ги прекрши добива казна, без разлика кој е колкаво е неговото влијание во екипата.

Во еден период беше и тренер на Милан, а кога заминуваше од клупата на „росонерите“ откри што му пречи и што не дозволува во клубовите каде што работи.

„Кога заминав од клупата на Милан, заминав затоа што веќе не се чувствував добро и се почесто не се почитуваа моите правила. Кога беше ручекот во 13:00 часот некои доцнеа и по 15 минути или кога беше тренингот од 9:30 се доаѓаше само пет минути порано. Јас доаѓав 45 минути порадни, можеш да одработиш вежби, масажи или едноставно да испиеш кафе во мир. Накратко не се почитуваа правилата и никој ништо не зборуваше, се игнорираа многу работи“.

Што се случува кога ќе се прекршат неговите правила прв почувствува екс-играчот на Работнички Емир Сахити кој неодамна го напушти Хајдук и направи трансфер во Хамбургер. По едно негово доцнење на заеднички ручек, беше изоставен од тимот за следниот натпревар.

Гатузо уште од играчките денови се води по правилото дека заедништвото во соблекувалната е многу важна работа за успехот на клубот, па така сака и неговите фудбалери тоа да го почитуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани