Гарначо го провоцираше Тен Хаг со прославата, Фернандеш му рече: Ти навистина си глупав! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед со 0-3 го совлада Саутемптон во четвртото премиерлигашко коло. Последнио гол за „ѓаволите“ беше дело на Алехандро Гарначо, кој мечот го почна на клупата и влезе дури во 73. минута.

Причината поради која беше на клупата за резерви во Англија се смета дека е спорен „лајк“ на објава на Кристијано Роналдо во која го критикува Ерик Тен Хаг.

Откако влезе во игра Гарначо погоди во 96. минута за конечните 0-3, а тогаш реши да го испровоцира тренерот. Аргентинецот го прослави голот во стилот на Роналдо, па таа фотографија ја сподели на социјалните мрежи.

За тоа дури си доби и коментар од капитенот Бруно Фернандеш, кој му напиша: „Ти навистина си глупав!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани