Во Перу ништо не е чудно: Фудбалер уринираше среде меч – па доби црвен! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалски натпревар од аматерскиот дел на Копа Перу меѓу Канторсило и Атлетико Авајун го понуди веројатно најбизарниот црвен картон.

Себастиан Муњоз од Атлетико Авајун за време на еден прекин додека се укажуваше медицинска помош на еден играч и се чекаше да изведе корнер, имаше физиолошка потреба да уринира. Тоа го забележа судијата и му покажа црвен картон.

Иако Муњоз негодуваше и беше незадоволен, мораше да го напушти натпреварот и неговиот тим го доигра со десетмина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани