Во Манчестер јунајтед се полни со самодоверба: Рашфорд го предупреди Арсенал!

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер јунајтед викендов одигра одличен натпревар и славеше победа над Евертон во Премиер лигата, а овој триумф „црвените ѓаволи“ беше прв во Премиер лигата откако Рубен Аморим е на клупата.

Во овој натпревар по два гола постигнаа Маркус Рашфорд и Џошуа Зиркзе. Според изјавата на Рашфорд по натпреварот со „карамелите“ и атмосферата на „Олд Трафорд“ е и тоа како позитивна.

„Чувствувам дека со овој систем можеме да бидеме силни. Исто така им правиме проблем и на другите тимови бидејќи никој не може да знае што да очекува од нас и тоа не става во добра позиција. Имаме фудбалери кои можат да играат на различни позиции и тоа ни значи затоа што можеме да менуваме во текот на натпреварите.

Не сакам премногу да занесувам, но токму енергија каква што имааме сега и посакувам. Рано е да се каже, меѓутоа јас сум полн со енергија и веќе подготвен за следниот натпревар против Арсенал“, изјави Рашфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани