12
Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски сезонава игра како во најдобрите денови и е еден од најважните фудбалери во редовите на Барселона. Шпанските медиуми сега пренесуваат дека клубот донел одлука околу неговата иднина.
Левандовски има 36 години и неговиот договор завршува на крајот на сезоната и сосема очекувано раководството донело одлука за продолжување на соработката.
Медиумите блиски до клубот пренесуваат дека на Барселона ги разгледува опциите за помлад напаѓач, но ќе смета на Левандовски и во иднина. Новиот договор би требало да биде со важност до јуни 2026 година.
Во сите натпреварувања од доаѓањето во Барселона, Левандовски постигна 79 погодоци.