349
Реал Мадрид вечерва со еден голем пресврт и два гола во самата завршница од натпреварот на Хоселу успеа да го елиминира Баерн и да се пласира во финалето од ЛШ.
Но, ќе има реакции на судењето и по овој натпревар. Баварците најмногу на судијата Симон Марчинијак ќе му замеруваат за поништенот гол на Де Лихт во 104. минутао д натпреварот.
Имено, дефанзивецот ја затресе мрежата, но судијата на стартот од акцијата го подгивна знаменцето за офсајд по што Марчинијак веднаш ја прекината акцијата без да дозволи акцијата да заврши па да се прегледува ВАР.