ВМФЛ: Македонија ЃП и Брегалница очекуваат сигурни победи

by riste
1 минути читање

По паузата поради настап на македонската аматерска репрезентација, второлигашите се враќаат на сцена со петтото коло од новата сезона, иако не е одиграно четвртото кое е закажано за во среда.

Македонија Ѓорче Петров и Брегалница кои целат за експресно враќање во Првата лига, на хартија имаат лесни задачи.

Ѓорчепетровци ја пречекуваат Саса, додека штипјани се домаќини на Осогово во дербито на истокот.

Кожуф кој е третиот тим без пораз, но со едно реми, во Гевгелија ќе го пречека тимот на Вардар Неготино.

Двојки за 5. коло во ВМФЛ:
Македонија ЃП – Саса
Брегалница – Осогово
Кожуф – Вардар Неготино
Арсими – Новаци
Беласица – Победа
Борец – Вардарски
Детонит – Скопје
Охрид – Башкими

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани