54
Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за играч на месецот ноември во шпанското фудбалско првенство.
Иако настапи на само два меча овој месец, Бразилецот посртигна хет-трик против Осасуна, а потоа му асистираше на Мбапе на дуелот против Леганес. Во меѓувреме имаше и репрезентативна пауза, а Винисиус се повреди на последниот меч и ќе биде надвор од терените во следните три недели.
Со освоеното признание, Винисиус ја прекина доминацијата на играчите на Барселона во изборот за фудбалер на месецот. Во август, септември и октомври таа награда им припаѓаше на Левандовски, Јамал и Рафиња.