432
Винисиус Жуниор е импресиониран од своите постари соиграчи кои синоќа стигнаа до шесттата титула во Лигата на шампионите.
Вчерашниот триумф за Тони Крос, Лука Модриќ, Дани Карвахал и Начо Фернандез беше шести освоен пехар во Лигата на шампионите.
Винисиус вели дека и тој сака да го направи тоа во иднина.
„Сакам да направам историја како Тони, Лука, Карвахал, Начо… Тие се фудбалери кои освоија шест пати и ни го покажаа овој пат. Сакам да продолжам како нив“, вели Винисиус.