Винисиус: На Шпанија треба да ѝ се одземе СП 2030 доколку не го реши проблемот со расизмот

by riste
1 минути читање

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор неколкупати беше мета на расистички напади на терените во Шпанија.

„Ако до 2030 не се реши проблемот со расизмот во Шпанија, треба да ѝ се одземе Светското првенство“, вели Винисиус.

„Се надевам дека Шпанија дотогаш може да еволуира и сфати дека е сериозно да се навредува некој поради бојата на кожата. До 2030 има многу време за достигнување на таа еволуција. Ако дотогаш не успее, мислам дека домаќинот на Светското првенство мора да биде променет бидејќи комплицирано е ако играчите не се чувствуваат удобно и сигурно во земја каде што треба да играат“.

„Сакам да направам се што можам за да ја донесам таа промена, бидејќи повеќето од Шпанците не се расисти, но мала група го руши имиџот на целата земја, во која инаку е убаво да се живее. Ја сакам Шпанија, тука имам најдобри услови за живот со семејството, но мораме да го искорениме расизмот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани