Нико Вилијамс ова лето беше сериозно поврзуван со трансфер во Барселона, откако одигра перфектно Европско првенство и беше еден од главните играчи на Шпанија.
Сепак, 22-годишникот нагласи дека е среќен во сегашниот клуб Атлетик Билбао. Тој се заблагодари за силниот интерес од повеќе клубови, но најави дека сака да остане во Билбао.
„Имаше понуди од бројни клубови, мојот менаџер ги решаваше. Моето срце е во Атлетик, имам договор, но кој знае што ќе биде во иднина. Сакав да останам тука, бидејќи најмногу се радувам на европските натпревари со својот клуб.
Убаво е да се знае дека големите клубови имаат план за тебе. Меѓутоа, на сите јасно им ставив дознаење дека сакам да останам тука. Атлетик, тоа за мене е посебно чувство, не можете да го добиете во другите клубови. Среќен сум што му помагам на клубот“, изјави Вилијамс.
Атлетик Билбао оваа сезона ќе се натпреварува во Лигата на Европа. Вилијамс има договор со клубот до 2027 година.