Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал не доби повик на последниот репрезентативен собир за својата земја, а тоа очигледно го налути фудбалерот кој своевремено го носеше дресот на големи европски клубови.
Видал во кариерата играше за клубови како Баерн, Јувентус, Барселона и Интер, а во овој момент е лидер на тимот на Коло Коло во првенството на Чиле.
Сега одлучи отворено да го критикува селекторот.
„Играм за најдобриот тим во Чиле и еден од најдобрите 16 клубови во Јужна Америка. Нормално дека сум лут што не сум дел од репрезентацијата. Селекторот очигледно гледа само аргентинска лига, тој е идот кој не гледа ниту Копа Либертадорес. Затоа повикува исти играчи и нема резултати. Одамна требаше да се заблагодари и да си замине, поради него шанса не добиваат многу млади таленти“, изјави Видал.
Во циклусот квалификации за Мундијалот во септември, Чиле запиша два порази од Аргентина на гости и Боливија дома. На табелата во квалификациите имаат пет бода и се без реални шанси за пласман на СП.