352
Фудбалерите на Комо по повеќе од две децении, односно точно 21 година чекање наредната сезона повторно ќе играат во Серија А.
Еден од најзаслужните за успехот кој Комо го оствари во Серија Б и пласманот на втората позиција со што се избори за директна промоција секако е Сеск Фабрегас. Шпанскиот стратег на одличен начин го водеше италијанскиот тим, а даде и ветување кое сега го исполни.
Имено, Фабрегас даде ветување дека ако изборат пласман во друштвото на најдобрите ќе ги носи фудбалерите на овој тим на Ибица.
Кога си ја завршија работата на теренот, сега и Фабрегас си го исполни ветувањето. На социјалните мрежи беше објавена фотографија со која е најавено патувањето на фудбалерите на познатата летна дестинација.