Македонската фудбалска репрезентација денеска го одржа првиот тренинг на стадионот „Рујевица“ во Ријека каде во понеделник ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска.
Поранешен играч на Ријека е нашиот дефанзивец, Дарко Велковски кој вели дека треба да покажеме храброст против силната селекција на Хрватите.
„После две години се враќам на стадионот каде што минав четири прекрасни години. Се соочуваме со Хрватска, а сите знаеме што значи таа репрезентација во светски рамки. Ние сме долго време заедно и сметам дека треба да покажеме квалитет. Да се надеваме на добра игра и позитивен резултат. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот меч. Хрватска е многу силна во средниот ред, имаат искусни фудбалери. Треба да се обидеме да ги користиме шансите од против напад. Се надевам на позитивен тест. За нас во овој период се важни ваквите натпревари“, рече Велковски.