Репрезентацијата на Хрватска со пресврт славеше победа против Шкотска (2:1) во рамките од Лигата на Нации.
Гостинската репрезентација прва дојде до водство во натпреварот со голот на Кристи по 33 минути игра.
Сепак радоста на шкотските фудбалери не траеше долго бидејќи Матановиќ по асистенцијата од Иван Перишиќ погоди за израмнување три минути подоцна.
Победата за Хрватска ја донесе Андреј Крамариќ кој се запиша во листата на стрелци во 70. минута. Во самиот финиш мрежата на Хрватска ја погоди Адамс, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција по реакција на ВАР.
За Хрватска ова е втора победа и сега со шест бода по три кола е второпласирана, исто толку бодови има и
Португалија која својот натпревар го игра вечерва со Полска. Полјаците се трети со три бода, Шкотска е без бодови.