189
Екипата на Вардар утрово потврди ново засилување во своите редови. Во клубот пристигнува Јасмин Мециновиќ кој го носеше дресот на Беса Добридол.
Мециновиќ одбранбен фудбалер кој има 33 години и во Македонија досега настапуваше за екипите на: Скопје, Македонија Ѓорче Петров, Ренова, Пелистер и Струга, додека интернационалната кариера ја градеше во: Шериф Тираспол (Молдавија), Сонгдал (Норвешка), Егри и Ломбард Папа (Унгарија), Банатс (Ерменија), Рудар Плевља, Подгорица (Црна Гора), Трепча, Феризај (Косово), Мелака(Малезија) и Нејмех (Либан).
Исто така собра и 13 настапи за младинската репрезентација на Македонија.