Вардар посочи нови опструкции: Нема да дозволиме поигрување со нашата армија навивачи!

by 24 фудбал
1 минути читање

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави ново соопштение за сагата со продажба на билети за бараж натпреварот против Детонит Плачковица. Вардарци ќе се борат за опстанок во ПМФЛ, а тимот од Радовиш за историски пласман во елитата.

Одново „црвено-црните“ посочија на опструкции од страна на ФФМ, бидејќи во одредени продажни места воопшто немало билети за натпреварот.

Поради тоа Вардар испрати порака дека нема да дозволи поигрување со целата армија навивачи. Ги повикаа сите приврзаници кои нема да набават билети, да се упатат кон Струмица и гарантираа дека ќе влезат. Продажба на карти ќе има и непосредно пред самиот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани