176
Второлигашот Вардар Неготино промовира три нови имиња за следната натпреварувачка сезона во ВМФЛ.
Тимот од Неготино се засили со тројца млади фудбалери на голманската позиција, во офанзивата и на десната бековска. Нови членови на Вардар Неготино се Славе Вргов, Живко Крстев и Дарко Донов.
Славе Вргов доаѓа од редовите на Брера Струмица и е младински репрезентативец на Македонија. Крстев настапува во офанзивата и исто така доаѓа од Брера, а минатата сезона во младинскиот шампионат постигна дури 30 гола. Од друга страна, Донов се сели во Неготино од штипска Брегалница и настапува на десната бековска позиција.
Клубот најави дека засилувањата ќе бидат претставени на „Цвај Арената“ во вторник.