Вардар Неготино го осуди потегот на навивачот кој го нападна голманот на Охрид: Секогаш сме биле добри домаќини

by Стефан
2 минути читање

Во вчерашниот натпревар помеѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос видовме инцидент во кој навивач го нападна голманот на гостите, Андов.

Од Вардар Неготино денеска се огласија со соопштение во кое го осудија потегот на навивачот. Исто така потврдија дека наредниот натпревар против Башкими ќе го играат во Струмица.

„Од името на ГФК Вардар Неготино како управен одбор сакаме да го истакнеме нашиот став за целосната настаната ситуација по натпреварот одигран на домашен терен во рамките на 4. коло од 2МФЛ.

Како управен одбор кое е највисоко тело во клубот, сакаме јасно и гласно да се изјасниме дека СЕ ОГРАДУВАМЕ И ЈА ОСУДУВАМЕ ЛИЧНОСТА КОЈА ШТО ГО НАПРАВИ ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ.

НЕГОТИНО И ВАРДАР СЕКОГАШ БИЛЕ ДОБРИ ДОМАЌИНИ И ИСТО ТАКА САКАМЕ ДА УПАТИМЕ НАЈИСКРЕНО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЕКИПАТА НА ФК ОХРИД ЛИХНИДОС!

Ве известуваме дека нашиот клуб со одлука од ФФМ доби суспензија на нашиот градски стадион.

Па така, наредните натпревари од 2МФЛ наместо во Неготино на домашен терен со свои навивачи и своја публика, нашиот клуб ќе ги игра во С.Ц. “Пандев”во Струмица БЕЗ ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Во сабота натпреварот помеѓу ФК Вардар Неготино и ФК Башкими ќе се одигра во Струмица со почеток од 14:00 часот.

Вардар Неготино е клуб кој што назад низ историјата не бележи никаква ваква слична ситуација, тврд клуб низ кој поминале одлични фудбалери и кој сè уште има такви! А ние, ќе се крениме од ова и ќе гледаме само напред“, соопшти Вардар Неготино.

Инаку, денес претходно ФФМ го суспендираше теренот во Неготино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани