177
ФК Вардар ги потврди првите две пријателски натпревари во подготовките за стартот на новата сезона.
Црвено-црните ќе ги одмерат силите со хрватскиот гигант Динамо Загреб и со поранешниот Премиерлигаш, Свонси.
Мечот со Динамо Загреб ќе се одигра на 23. јули на Максимир од 19 часот, тој ќе биде одигран по повод 77 роденден на Вардар.
„Упатуваме благодарност до тимот на Динамо Загреб, за честа и одличната соработка, а воедно упатуваме и порака до навивачите, дека навремено ќе бидат известени за сите новости поврзани со прославата на роденденот на клубот“, велат од Вардар.
Натпреварот против Свонси ќе се игра во Австрија на 27. јули од 12 часот.