Манчестер Јунајтед му ја довери клупата на Ерик Тен Хаг и за следната сезона. Холанѓанецот реши да направи одредени промени и првото „засилување“ го добива во стручниот штаб.
По осумнаесет години во клубот се враќа Руд ван Нистелрој, легендарниот холандски напаѓач кој ќе работи како помошник на Тен Хаг во следната сезона. Иако имаше понуда да го преземе кормилото на Барнли, Ван Нистелрој се реши за враќање во „старото јато“ каде што настапуваше како играч. Инаку, тој минатата сезона го водеше ПСВ до второто место во Холандија, а го освои Купот.
Заедно со Ван Нистелрој во Јунајтед пристигна и Јеле тен Рувелар кој ќе работи како тренер на голманите. Тен Хаг според најавите ќе прави промени во сите делови од стручниот штаб, па се очекува замени и за првиот помошник, како и тренерот на напаѓачите.