Ваков пенал се прави само во Бразил: Со втора топка го спречи да шутне кон гол! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Кога ќе се каже дека некои работи се можни само во Јужна Америка, треба да се верува на тоа. Натпреварот од бразилската лига меѓу Фламенго и Крисума кој заврши со триумф на домаќинот (2-1) понуди неверојатен момент, кој е ретко виден во светот.

Досуден беше веројатно најбизарниот пенал во историјата на фудбалот. Евертон со топка го напаѓаше гостинскиот гол, а дефанзивец ја искористи втората топка во шеснаесетникот и го спречи да шутне. Тоа судијата Лима Барбоса мораше да го санкционира со жолт картон и пенал.

Сигурен од 11 метри беше популарниот Габигол кој донесе триумф на Фламенго. Инаку, ситуацијата е бизарна бидејќи во европските лиги кога судиите ќе забележат дека има две топки на теренот, веднаш ја прекинуваат играта додека не се исфрли екстра-топката.

Слична ситуација имаше пред неколку години во ПМФЛ, кога на натпреварот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев, Стефан Костов со втора топка во раце спречи нафрлување во шеснаесетникот. Овој потег на македонскиот фудбалер своевремено го обиколи светот, го објавија дури и на угледниот „ЕСПН“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани