Важен потпис во Милан: „Детето“ на Реал потпиша договор со Милан

by Стефан
2 минути читање

Taлентираниот 19-годишен шпански бек Алехандро Хименез потпиша денес договор со Милан до 2028 година со опција истиот да биде продолжен на уште една година.ж

Хименез е роден во Мадрид и кариерата ја започна во младинските категории на Реал од каде што во минатото лето пристигна во Милан на едногодишна позајмица.

Позајмицата истече овој месец, но на „Сан Сиро“ имаа желба да го задржат и на крајот тоа и го направија. Реал Мадрид од овој трансфер заработи пет милиони евра, плус бонуси. Исто така „кралевите“ќ имаат опција во 2025 година да го откупат неговиот договор за девет милиони или во 2026 за 12 милиони евра.

Во минатата сезона Хименез во главно играше за младинскиот тим на Милан во Примера каде што запиша вкупно 19 настапи, но дебитираше и за првиот тим на „росонерите“ против Каљари во Серија А на 2. јануари.

До крајот на сезоната имаше уште четири настапи во сениорската конкуренција во дресот на Милан, а по денешниот потпис извесно е дека и следната сезона ќе го гледаме на големата сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани