Италијанската голманска легенда Џанлуиџи Буфон во моментов има оперативна улога во репрезентацијата на „Аѕурите“. Тој е дел репрезентативниот камп и заедно со фудбалерите и тренерите е во Германија.
Буфон реши да направи анализа на првото и второто коло, а неговиот коментар беше навистина интересен.
„Против Шпанија добивме повратна информација каква што не очекувавме. Го загубивме фокусот, немавме брзина како против Албанија. Моравме да бидеме на повисоко ниво, но Шпанија ни покажа дека тоа не е баш така. Ни ги отвори очите. По Албанците мислевме дека „вредиме“ девет бода во оваа група. Се излажавме, бидејќи сега е прашање дали „вредиме“ и четири. Бевме доволно добри за да направиме Албанија да изгледа како селекција од понизок ранг, а против Шпанците некој така размислувал и за нас…“, изјави Буфон.
Италијанците имаат три бода по две кола на Европското првенство и во понеделник го играат клучниот натпревар против Хрватска за пласман во нокаут рундата.