Екс-голманот на Јувентус и италијанската репрезентација, Џанлуџи Буфон зборуваше за ситуацијата со голманите во репрезентацијата, но и во Серија А.
Неодамна Буфон имаше пофални зборови за напредокот кој го забележал Викарио во редовите на Тотенхем. Сега, Буфон го издвои најдобриот голман во Серија А за изминатата сезона и за него тоа Јан Зомер од Интер.
Зомер во редовите на Интер пристигна како замена за Андре Онана и се покажа како одлично засилување, па со него на голот Интер дојде до Скудетото.
„Кога зборуваме за една сезона никако не може да го изоставите бројот на чисти мрежи и бројките кои ги има. За мене Зомер е голманот кој најмногу покажа. Многумина беа изненадени, но и јас, очекував да брани на високо ниво“, изјави Будон.
Продолжи Буфон за ситуацијата во италијанската репрезентација каде што тој има улога на директор.
„Имаме одлични млади голмани кои ни доаваат надеж за во иднина. Донарума и понатаму е нашиот „број еден“, но мислам дека сме добро покриени на голманскатап озиција“, изјави Буфон.