Бура од реакции во Шпанија поради пеналот за Реал Мадрид (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид на свој терен го победи Еспањол со 4:1 во шестото коло од Ла Лига, а по победата на „кралевите“ најмногу се коментира четвртиот гол кој го постигна Килијан Мбапе од пенал.

Во оваа ситуација спорен е пеналот кој го изнуди Бразилецот Ендрик. Ендрик помина на десната страна покрај Карлос Ромеро кој почна да го влече, а младиот напаѓач на Реал Мадрид одреден време се држеше на нозе.

Според многумина, Ендрик паднал пред шеснаесетникот и воопшто не требало да биде досудена најстрога казна.

Освен тоа многумина коментираат и како е досуден пеналот дури и да бил внатре кога прекршокот е започнат претходно.

Инаку, за Реал Мадрид ова беше трет пенал во трет натпревар во низа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани