Бројки како на Хаверц не се паметат во Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Арсенал и Манчестер Сити ги поделија бодовите во Премиер лигата одигрувајќи 2:2, а посебно внимание по овој натпревар привлекоа катастрофалните бројки на Каи Хаверц.

Германецот одигра ужасно, а како изгледаше на теренот најдобро говори податокот дека цел натпревар немаше ниту едно успешно додавање во пет обиди. На ниту еден фудбалер не му се случило такво нешто во изминатите седум сезони колку што се смета индивидуалната статистика на фудбалерите во Премиер лигата.

Не беа проблем за Хаверц само додавањата. Тој загуби седум дуели на земја, четири воздушни и имаше два неуспешни обиди за дриблинзи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани