243
Фудбалскиот клуб Брера Струмица се пофали со првото ново засилување за следната сезона.
По серијата заминувања од Струмица, клубот го промовира Џибрил Дианеси кој доаѓа во ПМФЛ по настапи во Белгија, Холандија и Франција. 28-годишникот игра на позицијата десно крило и пристигнува од редовите на Ла Лувиер.
Кариерата на Дианеси тргна преку Тулуз. Тој потекнува од Мали, меѓутоа во францускиот клуб настапуваше уште од младинските категории и заигра за Б тимот. Следеа трансфери во Фортуна Ситард и Мастрихт во Холандија, играше за Пау од Франција, како и за Калју во Естонија.
Последниот ангажман му беше во белгиската втора лига за екипата на Ла Лувиер.