195
Кратко по потврдата дека тренерот Бојан Круљ ќе го води тимот и во новата сезона, Брера промовираше и ново засилување.
Станува збор за искусен дефанзивец, Дарко Лазиќ од Србија кој во својата кариера има играно и за Црвена звезда.
30-годишниот фудбалер во Брера доаѓа како слободен игра откако претходно настапуваше во Борац Бања Лука.
Покрај за Црвена звезда и Борац, Лазиќ има настапувано и за Раднички Ниш, Спартак Суботица, Анжи Махачкала од Русија, Аланиjаспор и Денизлиспор од Турција