310
Брера Струмица го продолжи договорот со младиот и талентиран фудбалер Кире Стојанов.
Малку нетипично за мак-фудбалот, овој 18-годишник доби договор на четири сезони од струмичани. Стојанов важи за еден од најголемите таленти на Брера, а кога имаше само 16 години парафира прв професионален договор.
Иако во претходниот период Кире Стојанов имаше проблеми со повреда, сепак неговиот кам-бек се очекува во паузата меѓу двете сезони.
Струмичкиот клуб најави дека во следниот период договори ќе потпишат уште неколку млади фудбалери.