Фудбалскиот клуб Брера Струмица реши да му верува на Бојан Круљ и двете страни потпишаа договор и за следната сезона.
Српскиот тренер ја доби довербата, па се обврза на верност со струмичани. Амбициите како што велат од клубот во оваа сезона се напад на врвот во Првата македонска фудбалска лига. Круљ пристигна на клупата на Брера на почетокот на 2024 година, наследувајќи го првиот италијански тренер во мак-фудбалот Џовани Валенти. Тој успеа да го крене тимот и да избори посакуван опстанок.
„Ќе се обидеме да бидеме на врвот од табелата а ако ни се даде можност за излез во Европа да го искористиме, оти тоа ни е цел. Наша цел е да ги развиваме младите талентирани фудбалери и сигурно ке се обидеме да направиме баланс мегу младоста и искуството и екипата да биде стабилна во текот на целата сезона за да може да освојуваме бодови дома и во гости“, изјави Круљ на почетокот на подготовките.
Иако е релативно млад за тренер со 35 години, Бојан Круљ има искуство во неколку српски клубови пред да дојде во Брера.