Oд редовите на Брегалница објавија дека го засилуваат стручниот штаб со поранешниот капитен Ристе Наумов.
Клубот ангажманот на Наумов го потврди на социјалните мрежи.
„Поранешниот капитен на ФК Брегалница и штипска легенда Ристе Наумов ќе биде дел од стручниот штаб на штипските сини. Со својата богата интернационална кариера и големо фудбалско искуство, несомнено Наумов ќе биде од огромна помош во исполнување на целите на Брегалница. Со овој потег, раководството на Брегалница покажува респект кон оние кои дале многу за клубот, а воедно и знаат како треба да се работи во клубот да се оди напред! Му посакуваме успешна и плодна работа на Ристе Наумов!“, објави Брегалница.
Освен за Брегалница, Наумов во минатото го носеше дресот на Цементарница 55 и Вардар во Македонија, а зад себе има и интернационално искуство во: Омонија, Етникос Ахна, Викторија Жижков и Славија Прага.