Бргу срушен албанскиот рекорд, Лука Јовиќ со голот против Данска влезе во историјата

by 24 фудбал
1 минути читање

Пред два дена Клаус Џасула стана рекордер на Европските првенства, постигнувајќи го најдоцниот гол за израмнување.

Албанецот против Хрватска стрела за 2-2 во 95 минута, поточно во 94 минута и 23 секунди и со тоа се впиша во историјата.

Сепак, неговиот „рекорд“ траеше неполни 24 часа, односно до натпреварот меѓу Србија и Словенија. Лука Јовиќ погоди за реми на Србите на влезот во 96 минута, поточно во 95:00.

Со тоа асот на Милан го надмина Џасула и го има најдоцна постигнатиот гол на Европските првенства за реми. Секако, тука не се бројат погодоците постигнати во продолженијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани