Фудбалерот на Гостивар и братучедот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Мухамед доби дополнителен повик во националниот тим до 19 години.
Мухамед Елмас е повикан на местото на Андреј Силјановски кој отпадна од составот поради повреда.
Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 9 до 15 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Лукембург за пласман во елитната фаза на квалификации.
Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на домаќинот Луксембург, Словачка и Летонија.
Во рамките на првиот меч, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Летонија.
Во второто коло, копјата ќе ги вкрстиме со Словачка. Во последното коло од квалификацискиот турнир играме против домаќинот, репрезентацијата на Лускембург.
ГОЛМАНИ:
Славе Вргов Вардар Неготини
Спаско Ахтаров Беласица
Амар Хаџибулиќ Работнички
ОДБРАНА:
Анес Мелиќи Шкендија
Андреј Велков А.П. Брера
Наим Синанов Варнамо, Шведска
Адриан Незир Верл, Германија
Андреј Љубевски Работнички
Габриел Крстевски Пелистер
Нуман Ајетовиќ Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Давид Ристовски А.П. Брера
Матеј Гаштаров Црвена Звезда, Србија
Милот Синани Ара, Швајцарија
Аљмир Подграѓа Работнички
Никола Манојлов Работнички
Урон Алили Елбасани, Албанија
НАПАД:
Веби Ислами Шкендија
Димитар Данев Работнички
Мухамед Елмас – Гостивар
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Адмир Љатифи Беса
Јован Бошнаков Работнички