Бразилските фудбалерки со 4-2 ја совладаа Шпанија и за златото на Олимписките игри во Париз ќе играат во финалето против САД.
Шпанија го имаше поседот на топката, но Бразилките ги корисеа своите шанси и даваа голови.
Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Паредес си постигна автогол за водство на Бразил од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Габи Портиљо даде гол за предност на Бразил од 2-0.
Во 72. минута Адриана зголеми на 3-0. Веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој натпревар, но тоа не беше се, до крајот беа постигнати уште толку голови.
Параљуело во 85. минута намали на 3-1, а во судиското продолжение од мечот погоди и Керолин за водство на Бразил од 4-1.
Конечните 4-2 ги постави Параљуело со својот втор погодок, овојпат дури во 12. минута од продолжението
Бразил во финалето ќе игра против САД, Американките претходно ја совладаа Германија со 1-0.
Gabi Portilho 's goal and twerk!
— PushGoals (@PushGoals) August 6, 2024
Brazil Women gets doubles the lead against Spainpic.twitter.com/XcFlxAf2Py
Brazil women are currently leading Spain in the Olympics Semi-final 🇧🇷😳
— IKHANE🥇 (@Promiseidode) August 6, 2024
pic.twitter.com/faJNAXhv8r