122
Борусија Дортмунд славеше победа во рамките од третото коло во Бундеслигата откако вечерва со 4:2 „милионерите“ беа подобри од Хајденхајм.
Натпреварот беш отворен по само 12 минути игра кога Адејеми му асистираше на Мален за победа. Само пет минути подоцна Адејеми и самиот се запиша во листата стрелци.
Хајденхајм не го откажа раното водство на Борусија, па во 39. минута преку Пиерингер го намали резултатот.
До крајот на првиот дел „милионерите“ постигнаа и уште еден гол за водство од 3:1.
Во вториот дел Хајденхајм успеа само уште еден гол да го ублажи поразот, додека Емре Чан во самата завршница од пенал ги постави конечните 4:2.