Борец промовира уште две засилувања за кам-бекот во ВМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Повратникот во Втората македонска фудбалска лига Борец од Велес се пофали со две нови имиња за следната сезона.

Клубот ги промовира младиот фудбалер Давид Блажевски и нешто поискусниот Кристијан Јордановски.

Блажевски е фудбалер кој настапува на средината на теренот, а претходно беше дел од младинските тимови на Македонија Ѓорче Петров.

Од друга страна, Јордановски има 25 години и игра како дефанзивец. Тој во кариерата беше дел од Слога Виница, Брегалница Штип, Кит-Го, Тетекс и Саса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани