247
Хајдук потврди дека нов тренер на тимот е италијанскиот стратег, легендарниот Џенаро Гатузо.
Откако не успеаа да се договорат со Иван Јуриќ, челниците на Хајдук успеаа да го ангажираат Џенаро Гатузо.
„Хајдук со посебно задоволство може да потврди дека нашиот прв тим во новата сезона ќе го води легендарниот Џенаро Гатузо! Тој потпиша договор до летото 2026 година, а во Сплит пристигнува наредната недела, на почетокот за подготовките на првиот тим, кога и официјално ќе го презентираме“, стои во соопштението на Хајдук.