Српската фудбалска репрезентација одигра одличен меч против Шпанија во кој немаше погодоци но имаше неколку одлични шанси и за двете селекции, Португалија со 2-1 ја совлада Хрватска.
Србија и покрај откажувањата на дел од клучните играчи, одигра храбро против силниот противник и со бод против Шпанија ја почна сезоната во Лигата на нации.
Српските фудбалери изгинаа на теренот против Шпанците и можат да бидат задоволни од прикажаното.
Посебно за одбележување е шансата на Лука Јовиќ кој промаши од чиста ситуација.
Убави можности имаа и Шпанците, можеа да дојдат до победата, но не ги искористија и си одат дома само со бод.
Португалија со 2-1 ја совлада селекцијата на Хрватска, сите три гола беа постигнати во првото полувреме.
Далот уште во седмата минута донесе водство на Португалија од 1-0, а во 34. минута Роналдо даде гол за 2-0. Тоа беше негов јубилеен 900. погодок во кариерата.
На четири минути пред крајот на првото полувреме Далот си постигна автогол за конечни 2-1.
Во другите натпревари од Лига А, Данска ја победи Швајцарија со 2-0, Полска со 3-2 славеше на гостувањето кај Шкотска.