Богдановиќ: Какви приватни причини, фудбалерите не сакаат да играат за Пикси

by Стефан
1 минути читање

Со елиминацијата од Европското првенство во групната фаза во српската репрезентација започна бура која и се уште трае.

На стартот од Лигата на Нации во дуелите со Шпанија и Данска селекторот Пикси нема да може да смета на Александар Митровиќ, Милинковиќ-Савиќ и Душан Влаховиќ. Официјалните информации за Митровиќ и Савиќ се дека се повредени, но чудно е што на само ден пред собирот за српската репрезентација одиграа 90 минути за Ал Хилал. Влаховиќ од друга страна кратко објави дека поради семејни причини не може да помогне.

Поранешниот фудбалер, а денес аналитичар, Раде Богдановиќ е убеден дека Пикси е проблемот и репрезентативците не сакаат да играат под негово водство.

„Причината што не се во составот е незадоволството од селекторо. Влаховиќ не сака да игра како крило. Какви може да се тие приватни причини кога те чека натпревар со европски шампион, па нема поголем мотив од тоа…но никој не сака да игра за суетниот Пикси“, истакна меѓудругото Богдановиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани