Блеска во Србија и не крие: Сакам да играм за Македонија!

by Стефан
1 минути читање

Плејмејкерот Андреј Тодороски сезонава одлично стартуваше во дресот на Спартак Суботица каде што има три гола и две асистенции на десет натпревари.

Со добрите настапи очекувано го сврте вниманието на себе, а сега во интервју за „Спортски Журнал“ не криеше дека има желба да заигра за Македонија. Досега немал таква можност бидејќи чека да се средат документите. Во овој момент Тодороски поседува само австриски пасош.

„Разговаравме, секако дека би сакал да играм за Македонија, но треба да се среди документацијата и патиштата да ни се поклопат, односно тие да сметаат дека сум играч кој може да помогне на националниот тим“, изјави Тодороски.

Станува збор за фудбалер кој е роден во Прилип, но уште во детството со семејството заминува во Австрија каде што од 2013 до 2020 година игреаше во младинските тимови на Рапид, потоа во вториот тим на Виена, па во ФАЦ и Виенер од каде пристигна во Србија.

Засега изборот да го носи дресот на српски Спартак се покажува како вистински потег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани