344
Кристијано Роналдо во 105. минута промаши пенал во осминафиналниот дуел меѓу Португалија и Словенија, а Би-Би-Си со официјална објава го навреди Португалецот.
Гигант како Би-Би-Си, наместо Кристијано Роналдо, на снимката од пеналот напиша Мистиано Пеналдо. Направија невкусна игра со зборови мисс – промашување и прекарот Пеналдо кој му е даден од оние не се наклонети кон Португалецот.
Ваквиот непрофесионален потег на тв- куќата, предизвика лавина од негативни реакции, а се јави и Џон Тери кој напиша „Би-Би-Си, ова е срамота“.